22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Со храна против грип

Добриот избор на здрава храна ќе ви помогне полесно да се справите со грип или настинка, тврдат нутриционистите.

Така рибата како што е лососот, туната и скушата благодарение на омега 3 масните киселини помага во намалувањето на ризикот од штетни воспаленија во телото. Луѓето кои редовно јадат риба или земаат додаток омега 3 масни киселини значително поретко заболуваат од обична настинка и грип, а исто така помалку чувствуваат стрес кој го намалува имунитетот, открило истражувањето на Универзитетот во Мериленд.

Школки

Цинкот, есенцијалниот минерал кој во големи количини се наоѓа во школките има силен ефект на превенцијата од настинка. Освен што го зголемува имунитетот, консумирањето на додаток од цинк го скратува времетраењето на болестите и ги намалува нејзините симптоми. Сепак, додатоците од цинк може да предизвикаат несакани ефекти како што е мачнина или главоболка, па подобро е да се земаат во неговиот природен облик кој го има во грашокот, житариците, морските плодови и зрнестите плодови.

Семки од анасон

Лековитите својства на анасонот ги познавал и “таткото” на медицината Хипократ, а американското Здружение на фармацевти открило дека анасонот ги олеснува симптомите на кашлање и помага во прочистувањето на дишните патишта. Најдобар начин за консумирање е јадење на живи семки, но добар е и чајот од анасон кој може да се зачине со цимет и мед.

Бел лук

Редовното консумирање на овој природен антибиотик ја намалува веројатноста од заболување од грип, а освен тоа го штити организмот од други процеси за воспалување кои може да прераснат во хринични болести, покажало американското истражување на преку 10.000 луѓе. Најдобар избор е свежиот бел лук, бидејќи со готвењето се губат антиоксидансите во него.

Јогурт и кефир

Бактериите кои се наоѓаат во јогуртот и кефирот се сојузници на здрави микрофлорови кои се потребни за добар имунитет и одбранување од болести. Освен тоа, секојдневното консумирање на пробиотик го намалува ризикот од инфекции на горните дишни органи.

Чај

Сите видови на чај содржат антиоксиданси познати како катехини кои имаат заштитни својства, па го бранат организмот од болести. Според јапонските истражувања луѓето кои секојдневно пијат чај имаат три пати помали можност за заболување од грипот, но исто така и го намалуваат ризикот од настанување на рак или болести на срцето.

Феферони

Како и цитрусот и лутите пиперки се богати со витамин Ц кој помага во борбата со бактериите и вирусите. Една мала пиперка содржи 150 mg витамин Ц, додека еден портокал содржи 100 mg од истиот витамин. Освен тоа, капсаицин кој е активна состојка на лутите пиперки ги прочистува дишните патишта и ја олеснува проодноста на синусите.

Печурки

Печурките се богати со антиоксиданси, калиум, Б витамин и влакна, а докажано е дека печурките имаат дејство против воспаленија. Бидејќи есента е временскиот период во кој растат, нивното консумирање го поттикнува имунитетот да работи како и подобро апсорбирање на другите витамини.

Мисирка

Протеините кои се наоѓаат во белото месо како што е мисиркиното, се неопходно гориво за изградба на антителата со кои организмот се бори против бактериите и вирусите. Поради тоа белото месо е одличен избор за студените есенски денови.

Боровинки

Ова овошје содржи повеќе активни антиоксиданси од било кое друго свежо овошје и поради тоа е најдобар сојузник за добар имунитет, покажало истражувањето од Универзитетот Корнел. Ако не можете да дојдете до свежи боровинки, тогаш јадете или замрзнати или исушени, бидејќи и така содржат голема количина на витамини.

Бразилски ореви

Освен што се богати со протеини и здрави масти, овие здрави плодови содржат и голема количина на селен. Овој минерал особено помага на телото во одбраната од вирусите, а за заштита доволно е да изедете два или три. Доколку изедете поголема количина, поради фитинската киселина која ја содржат, може да им попречат на апсорпцијата на другите минерали и железо.

Моркови и компири

Бета каротенот во морковите и компирите е неопходен бидејќи на телото му помага да созаде А витамин во телото, кој е клучен за одржување на здрав имун систем. Посебно добро се внесува голема количина на бета каротин ако ни се воспалени грлото и носот, бидејќи помагаат во побрзо заздравувањ.

Семе од сончоглед

Семето од сончоглед е еден од најдобрите природни извори на витамин Е, антиоксиданс кој ги штити клетките од оштетување. Најздравиот избор се семки кои се суво испржени, а не во масло. Покрај тоа, луѓето кои редовно јадат семки од сончоглед имаат поголем капацитет на белите дробови.