23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Сите чуда на чајот од нане

Чајот од мента е најраспространет ширум светот, а на нашите простори често се нарекува и чај од нане.

Ментата (нане) со векови се користи против лош здив и за одржување на орална хигиена.

Може да се пие и на лето бидејќи ментолот ефикасно разладува. Доколку патите од мачнина за време на возење, не морате да пиете таблети, туку подгответе чај од нане и пијте го додека патувате.

Освен што ќе спречи мачнина, ќе ги намали болките во желудникот, ќе ги опушти цревата и ќе спречи дијареа.

Одличен избор е и за сите кои се изложени на стрес, бидејќи опушта и спречува несоница.

Истовремено големата количина калциум, витамин Б и калиум во овој чај помагаат во зајакнување на имунитетот.

Треварите велат дека овој чај е ефикасен и за слабеење, бидејќи го намалува апетитот.