На 12.10.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 21:20 часот на ул.„Ганчо Хаџи Панзов“ во Велес, 58-годишник од Велес, управувајќи мопед „томос апн“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
При падот тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ Општа болница Велес.
Увид на местото извршила екипа од СВР Велес.


