3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КУЈНА

Кифлички од најмекото тесто на светот: Сите ќе ви го бараат рецептот!

Вака меки кифли никогаш не сте јаделе, а за сè е заслужен млечниот намаз.

Состојки:

600 гр брашно
2 лажици шеќер
2 лажички сол
1 прашок за печиво
ванилин шеќер
коцка сув квасец
100 мл млеко
150 мл топла вода
2 јајца
1 жолчка
2-3 лажици масло
Начин на подготовка:

Прво загрејте малку млеко (помалку од половина шолја) да биде топло и додајте половина лажичка шеќер и квасец. Мешајте додека квасецот не се растопи и оставете 5-10 минути за квасецот да се подигне. Во сад ставете брашно, шеќер, сол, прашок за печиво и ванилин шеќер.

Сè измешајте и додајте 1 јајце, жолчка, масло, надојден квасец и млеко, а вода додавајте по потреба. Месете додека не добиете фино и меко тесто. Додајте брашно по потреба.

Оставете го тестото да надојде околу половина час на топло место. Кога тестото ќе надојде, кинете топчиња и формирајте триаголни облици. Тие триаголници мотајте ги во кифлички. Ако сакате да ги филувате, изберете полнење по желба и премачкајте пред да ги превиткате.

Направете намаз за кифлите – со вилушка разматете јајце со малку млеко, па премачкате ги кифлите кои сте ги наредиле на плех обложен со хартија за печење. Печете 30-40 минути на 190 степени.

Добар апетит!

Спонзорирано: