Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ПРИКАЗНАТА ЗА УКРАДЕНОТО ЗЛАТО ДОБИ ПРЕСВРТ: Полицијата поднесе кривична пријава за лажно пријавување

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против 24-годишна дебарчанка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „лажно пријавување кривично дело“ по член 366 од Кривичниот законик.

На 15.09.2026 во ОВР Дебар, таа пријавила дека било влезено во нејзината куќа и биле одземени златен накит и други предмети во вредност од околу 3000 евра.

По преземени службени мерки и по консултација со јавен обвинител, полициските службеници утврдиле дека таа лажно пријавила кривично дело.

Можеби ќе ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС со притисокот кон НБРМ и Алта банка, создаваат терен бизнисмен близок до нив да ја купи банката за ниска сума

ДЕСК

Гувернерот Славески: Нема милионски одливи од „АЛТА банка“, трансакциите со Србија се редовни плаќања на клиентите

ДЕСК

СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски

ДЕСК