Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Италија части: Дојдете на одмор, ние ќе ви покриеме дел од трошоците за летот и сместувањето

Премиерот на Италија, Џузепе истакна дека сегашната состојба е најлошата криза од Втората светска војна, а за да се опорави земјата, владата бара нови начини за привлекување туристи.

Поради коронавирусот, Сицилија изгуби повеќе од милијарда евра приходи од туризам и беше принудена да излезе со нов план за привлекување туристи, јавуваат медиумите.

Регионалната влада ќе покрие половина од трошоците на летовите, како и една третина од цената на хотелот. Покрај тоа, таа ќе понуди бесплатни билети за сите музеи и археолошки локалитети, нешто што италијанците ќе ги чини 50 милиони евра.

Ваучери за летовите и сместувањето ќе бидат достапни на веб-страницата “Посетете ја Сицилија” веднаш штом земјата ќе ги отвори своите граници и ќе биде подготвена за посетители.

Иако точниот датум сè уште не е познат, отворањето на рестораните низ Италија е закажано за почетокот на мај.

Можеби ќе ве интересира

Нафтата достигна 112 долари за барел

ДЕСК

Пензионерите идниот месец ќе добијат покачени пензии за 1.000 денари – Дали е тоа доволно?

ДЕСК

За три месеци минималната синдикална кошничка се покачила 2.326, а минималецот ќе се зголеми за 1.667 денари

ДЕСК