Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

За да нема „клати врата – земај плата“: Град во Хрватска одлучи граѓаните да одлучуваат за платите на јавните службеници

Хрватското гратче Света Недела воведува нови стандарди за транспарентност во плаќањето на јавните службеници каде жителите го оценуваат работењето на вработените во градската администрација, а од таа оценка ќе зависи нивната плата.

Вработените во градската администрација ќе добиваат фиксен и варијабилен дел, а платите ќе им се намалат за 10 проценти. Во зависност од добиената оценка, ќе им бидат исплатени квартални бонуси, појасни заменик-градоначалникот Давор Наџи.

Ваквата политика подразбира службениците со најлоша оценка да не добијат награда, а на подобрите да им биде зголемена платата.

Освен тоа, евалуација ќе се прави и во рамки на целото раководство, што ќе се земе предвид при целокупната проценка на вработените.

Ова е наш следен чекор за подобро управување со градот, изјави Наџи.

Предлогот за намалување на фиксните плати на вработените допрва треба да го одобри Градскиот совет, а доколку се донесе позитивна одлука, проценката ќе започне од февруари или март следната година.

Можеби ќе ве интересира

Телеком овозможува побрзо и поудобно патување со M-TAG 

C +

„Добра игра. Фер плеј“ – Lidl започнува кампања за вработување

C +

УЈП испрати речиси 863.000 даночни пријави: Граѓаните имаат рок до 31 мај да ги проверат

C +