Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Владата одлучи Шар планина да биде национален парк

Владата на денешната седница го прифати предлогот за прогласување на Шар Планина за заштитено подрачје во категоријата Национален парк и за прогласување на Осоговските планини за заштитено подрачје во категоријата Заштитен предел, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање.

По прифаќањето на двата предлога на ова министерство, во согласност со законската процедура, во претстојниот период ќе бидат спроведени јавни расправи по предлозите со локалното население, како и сите засегнати страни. По усогласувањето на мислењата и забелешките, ќе бидат изготвени конечни предлози за прогласување на овие локации.

– Прогласувањето на овие две подрачја што содржат високо ниво на биолошки и културни вредности за заштитени зони, покрај тоа што значи исполнување на националните и меѓународните обврски за заштита на пределската разновидност и биодиверзитет, исто така значи и искористување на огромниот потенцијал за развој на локалната економија, односно одржливо управување со природните ресурси, преку обезбедување еко-системски услуги и екотуризам – порача министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини.

Идејата за прогласување на Шар Планина за Национален парк е стара повеќе од две децении. Голем број на еколошки здруженија и граѓански иницијативи ја повикаа владата да ја усвои ваквата одлука, а поддршка за оваа иницијатива има и од тетовските општински власти.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Невработеноста е на историски најниско ниво, под пет проценти

C +

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +