Денеска на инфективната клиника почина легендарниот водител Драган Вучиќ од коронавирус.
Македонските јавни личности и неговите пријатели се збогуваат од водителот на социјалните мрежи.
Водителката Сузана Турунџиева испрати и порака до сите ониие кои правеа шеги на сметка на водителот, а сега, по неговата смрт, пишуваат само пофални зборови за него.
-Неизмерна е загубата кога некој, кој е во своите најдобри години починува, башка создал ненадминливи музички и авторски дела… Драгане, нека ти е вечна слава и благодарам за песните кои ни ги остави… Денес, сонцето зајде за твоето семејство, а ангелите те носат високо во небесниот бескрај…
А за јавноста и устите (со чест на исклучоци) гладни за сеир и чешит: Аман немојте! Кога не ве биваше да кажете некој убав збор за време на неговиот живот, немојте ни сега… воздржете се…- напиша Турунџиева.
https://www.facebook.com/suzana.turundzieva/posts/10223028371882358