20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(ВИДЕО) Петров: 5.350 фирми аплицирале за финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен, повратот на ДДВ кон фирми за месец април зголемен за 23%

Од самата појава на корона вирусот во нашата земја, целите на Владата предводена од СДСМ беа јасни. Да се помогне на што повеќе граѓани, да зачуваме што повеќе работни места, да ги поддржиме компаниите на нашите сограѓани но и да ги поставиме темелите за рестарт на нашата економија кога ќе заврши кризата, изјави на денешната прес-конференција потпретседател на СДСМ.

„Разбираме дека во во услови на најголемата здравствено-економска криза во светот, одржувањето на ликвидноста на стопанството е клучно и токму поради тоа брзиот поврат на ДДВ е една од редовните активности кои се преземаат во таа насока.

Од почетокот на годината заклучно април фирмите добиле поврат на ДДВ од 145 милиони евра. Тоа е за 16,7% повеќе во однос на претходната година. Само за месец април повратот на ДДВ кон компаниите е 38 милиони евра или за 23% повеќе во однос на истиот месец лани.

Во однос на 2018 година повратот на ДДВ за периодот јануари април е зголемен за 19,4%, додека во однос на 2017 за високи 67,6% повеќе.

Ние заедно ќе го изодиме овој тежок пат со вас и ќе продолжиме заедно да се бориме за да зачуваме што повеќе работни места во државата.

Од петок компаниите веќе можат да аплицираат за финансиската поддршка од 14,500 денари по вработен и според информациите на Управата за Јавни Приходи, досега, иако беше празник и викенд, за оваа помош до УЈП аплицирале 5.350 компании. Од нив 4..197 веќе се трансферирани во системот на УЈП.

Апелирам до сите компании кои се уште немаат аплицирано за оваа финансиска поддршка, да го направат тоа што побргу преку системот за е-даноци на УЈП. Апликациите за месец април, треба да се достават најдоцна до 7ми мај.

Ние не застануваме тука.

Владата предводена од СДСМ му помага на македонската стопанство и со двата сета антикризани мерки, како бескаматните кредити од линиите „Ковид 1“ и „Ковид 2“ на Развојната банка на Северна Македонија, во вкупен износ од 13,7 милиони евра, коишто ги таргетираат сите микро, малите и средни претпријатија погодени од кризата. Наскоро преку комерцијалните банки ќе биде пласирана и линија на евтини кредити во износ од 51 милион евра.

Ние во последните три години покажавме дека нашите мерки носеле и ќе носат резултати. За тоа зборуваат и проекциите од Светската Банка според кои се проценува дека Северна Македонија најдобро ќе се справи со економскиот удар од кризата од сите земји во регионот.

Почитувани граѓани, заедно ќе го изодиме овој тежок пат и верувам дека заедно ќе излеземе од оваа криза уште посилни“, заклучи Петров.

Спонзорирано: