Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Русија и Украина наводно се согласиле да ги прекинат нападите врз енергетската инфраструктура. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, сепак, изјави дека претходно не бил информиран за таков договор.
Зеленски порача дека Украина е подготвена да ги прекине нападите врз руските рафинерии доколку Москва истовремено престане да ја напаѓа украинската енергетска инфраструктура. Засега нема потврда од Москва дека постои формално договорено примирје.


