Centar.mk
СВЕТ

КАТАСТРОФА КАЈ ЏИБУТИ: Најмалку 139 загинати, 84 лица сè уште се водат за исчезнати

Бројот на жртвите од превртувањето на брод со мигранти крај брегот на Џибути се искачи на најмалку 139, меѓу кои 15 деца, според Меѓународната организација за миграција. Во пловилото имало околу 305 луѓе кои патувале кон Јемен.

Спасени се 82 лица, додека потрагата по уште 84 продолжува. Несреќата е една од најсмртоносните на миграциската рута меѓу Африканскиот Рог и Арапскиот Полуостров во последните години.