23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

“Последна полициска покана пред апсењето” – Лажни меил пораки вознемирија многу граѓани утрово

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска до одредени граѓани и правни лица повторно, како пред десетина дена, од страна на сторител кој лажно се претставува во име на МВР, односно во име на државниот секретар Магдалена Несторовска, се упатени лажни покани во врска со наводна тековна истрага, велат од МВР.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на ваквите измами, а Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР веќе презема соодветни мерки и активности за законско санкционирање на сторителот. Министерството за внатрешни работи не користи електронска пошта за испраќање на покани до граѓани во врска со спроведување на истраги, туку тие покани се испраќаат во хартиена форма, со соодветна процедура, информираат од МВР.

-Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика апелира граѓаните и правните субјекти да не отвараат прикачени документи во прилог на пораки што не доаѓаат од верификувани и за нив познати испраќачи, да не наседнуваат на измами од ваков тип и правните субјекти да превземат соодветни мерки за заштита на нивните компјутерски системи од потенцијален малициозен софтвер согласно нивните интерни процедури за сајбер безбедност, велат од МВР.