Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

МВР: 66 лица не го почитувале полицискиот час, 45 приведени

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР за периодот (22/23.04), по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 66 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 45 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, според статистичките податоци за изминатото деноноќие, на 116 лица им се издадени решенија за изолација, а 35 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека две лица не ја почитувале мерката за самоизолација.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК