За Универзитетскиот Професор Ванчо Узунов, временото и условено зголемување на акцизата на горивата за 3 денари, е сосема оправдано.
“Bо време на криза, кога очите на сите, разбирливо, се вперени во владата и буџетот и чекаат поддршка од таму, некој мора да мисли и за полнење на тој буџет. Затоа, оваа мерка на владата, во овие услови, е сосема оправдана, бидејќи ќе биде извор на приходи, веројатно поевтин и од секое позајмување од надвор. А оние кои, сосема погрешно, мислат дека така може да се намали
потрошувачката, треба да знаат дека се работи за прераспределба на пари, а не за намалување на агрегатната побарувачка”, објаснува Професор Узунов.
Инаку, Владата на Република Северна Македонија, согласно претходно направените анализи на Министерството за финансии и Царинската управа денес донесе уредба за времено и условено зголемување на акцизата на горивата за три денари за време на вонредната состојба и седум месец по истекувањето на вонредната состојба, како резултат на намалување на цените на нафтата на странските берзи и на потрошувачката на гориво.
Од Владата напоменуваат дека трите денари од повисоката акциза за нафтените деривати, одат директно во буџетот за поддршка на стопанството, социјалните
мерки за поддршка на граѓаните но и за поддршка на нашиот здравствен систем.