Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Поскапија бензинот и нафтата во Македонија – Ова се одлуките на РКЕ

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се
зголемуваат за 3,50 ден/лит во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од
13.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 52,00 ден/лит,
додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 54,00 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 1,50 денари/литар, во однос
на малопродажната цена утврдена со Одлуката од 13.04.2020 година и со тоа малопродажната
цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 46,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра
лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 1,00 денари/литар, во однос на
малопродажната цена утврдена со Одлуката од 13.04.2020 година и со тоа малопродажната цена
на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 34,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,983 ден/кг во однос на цената
утврдена со Одлуката од 13.04.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС
изнесува 19,123 ден/кг.

Можеби ќе ве интересира

Незадоволниот купувач може да ви покаже каде бизнисот губи пари

ДЕСК

Веќе изгубивте пари? Понудата „ќе ви ги вратиме“ може да биде втора измама

ДЕСК

Зеленото усогласување со ЕУ ќе ја чини Црна Гора над три милијарди евра

ДЕСК