19. јануари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Дали Чулев селективно го спроведува полицискиот час?

Според кои прописи и правила министерот Наќе Чулев го спроведува полицискиот час, односно како во праксата неговите подредени определуваат кого ќе приведат, а кого нема во случај на прекршување на забраната за движење.

Последен од редицата случаи е недозволеното однесување на еден полициски инспектор во Демир Хисар за време на полицискиот час. Како што објави А1 ОН против полицаецот е поднесена кривична пријава, но Внатрешна контрола не отворила постапка, а тој не бил приведен во моментот на кршење на полицискиот час, како што е примерот со некои други граѓани, како момчето со кучето.

Дали е во прашање незнаење или индивидуален пристап кон секој случај со прекршување на полицискиот час, но едно е јасно  министерот Чулев како да нема координација со тимовите на терен. Претходно и советник во кабинетот на Чулев, имаше ситуација со полициска патрола во време на забрана откако бил стопиран на еден пункт. За овој случај нема санкции, а преставката на тетовската полиција се уште не е дадена во Внатрешна контрола.

Ваквите случаи се лош пример од праксата и преставуваат класична злоупотреба на службата, а дополнително ја рушат довербата кај граѓаните кон полицијата. Лош пример се и полицајците кои постапуваат без користење на заштитна опрема од вирусот, како маски и ракавици, каков што е примерот со приведувањето на момчето со кучето.. И против овие полицајци ќе треба да има интерна постапка за да се утври нивната одговорност, но и исправност на одлуката дали требале да го приведат.

И покрај низата грешки и пропусти на министерот, неговата партија ВМРО ДПМНЕ не престанува да изнесува лажни вести во своите медиуми, со цел да ја пренасочи вината и да се обиде некого неаргументирано да оцрни. Денеска на Нетпрес се појави вест дека полициски функционер на СДСМ издал наредба момчето да биде приведено, за потоа МВР официјално да го демантира текстот на Нетпрес дека е целосна ламна конструкција.