Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Денеска е Велики Петок

Православните Христијани денеска го одбележуваат Велики петок, денот на страдањата и смртта на Исус Христос.

Според преданијата, Исус починал во шестиот час од денот, кога завесата на Ерусалимскиот храм се преполовила, сонцето се затемнило, мртвите станале од гробовите, а сите ѕвона се распукале.

Оттогаш не бијат дрвени ѕвона на Велики петок, камбаните не се огласуваат се до недела, кога за првпат ќе ја означат радоста за Христовото Воскресение.

Овој ден уште се вика и Рапет петок, зашто тогаш е распнат Исус Христос.

На овој ден црквата предвидува строг пост, само со вода, а многу верници на Велики петок ништо не пијат, ниту јадат до зајдисонце.

Покрај постот, на денот на христијанската жалост, не се работи на поле, а ниту во домот. Според христијанското учење, страдањето му претходи на воскресението, а без страдање и смрт нема воскресение.

Можеби ќе ве интересира

( ФОТО) И премиерот Христијан Мицкоски се појави на стартот на акцијата за чистење на Скопје

ДЕСК

Премиерот објави фотка од дрон: Вечерва голема акција за чистење на сметот во Скопје!

ДЕСК

Апсења и претреси низ Македонија – Уапсен директор на моќна институција

ДЕСК