За празничната трпеза да биде целосна подгответе вкусна велигденска салата…
Состојки:
- 8 варени јајца
- 3 главици кромид
- 2 лажици мајонез
- 2 лажици кисела павлака
- 3-5 капки оцет
- сол
Начин на подготовка:
Изрендајте ги варените јајца. Кромидот ситно исечкајте го, малку посолете и оставете да отстои околу 10 минути.
Во кромидот додајте рендани јајца, мајонез, павлака и оцет. Сè убаво соединете и обликувајте смеса по желба.
Оставете малку да стегне во фрижидер, па украсете со велигденски мотиви.
Добар апетит!