21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Посакувам овој ден на католичките верници да им донесе мир и благосостојба

Денеска се празнува спасението, кога Бог му подари на човека неискажливо ослободување од секаква тага и несреќа. Народот не залудно го нарекува Велигден, денот кога животот ја победува смртта, стои во честитката која по повод празникот Велигнден ја упати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, до монсињор Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх на Католичката црква во нашата земја, и до верниците од католичка вероисповед.

„Посакувам овој ден и овој празник на католичките верници, да им донесе мир и благосостојба во нивните семејства. Да се радуваат, затоа што доброто секогаш триумфира, а правдата ја победува неправдата. Во вакви времиња на предизвици, искушенија и несигурност им посакувам на верниците спокој и внатрешна радост, да се помолат за сите души и страдалници коишто бараат помош од Бога. Како што Бог ја победи смртта, така нека ни даде храброст да ги победиме сите тешкотии и да ја почуствуваме убавината на животот. Бог нека не води да ги победиме сите премрежија и оваа зараза која го демне човештвото. Заедно обединети и истрајни ќе победиме“, нагласува Мицкоски во честитката.

Во неа тој им посакува здравје за болните и вели дека неговите мисли се и со докторите, здравствените работници, и сите оние кои се во првата линија против заразната пандемија.

„Исто така не можам, а да не ги споменам и оние кои за жал ги чуствуваат директно економските последици од кризата и останаа без работа. Посакувам побрзо застанување на нозе и економска стабилизација и сигурност“, вели лидертот на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање по повод празникот.

На крајот тој посакува големиот празник Велигден да го празнуваме довека сложни, здрави и среќни.

„Христос воскресна! Навистина воскресна! Честит празник и за многу години!“, стои во честитката на Мицкоски упатена до верниците од католичка вероисповед.

Спонзорирано: