Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СПОРТ

Тажна вест од Шпанија: Почина Радомир Антиќ

Нова тажна вест пристигнува од Шпанија, откако Атлетико Мадрид објави дека денеска починал Радомир Антиќ, прославениот српски стратег кој освои неколку трофеи на клупата на „јорганџиите“.

Антиќ почина на 71-годишна возраст, а останува запишан во историјата како единствен тренер што ги водел Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Барселона. Најголем успех во кариерата сепак му се смета двојната круна со Атлетико во сезоната 1995/96.

Српскиот стручњак имаше и успешна играчка кариера, настапувајќи за Партизан, Фенербахче, Сарагоса и Лутон, клубот каде му кажа збогум на активното играње фудбал.

Тој својата тренерска кариера ја почна во Партизан, освои две титули во првите две сезони, по што се пресели во Шпанија, земја каде остана до својата смрт.

Се уште нема конкретни информации за смртта на фудбалскиот генијалец, дали станува збор за коронавирус или другa причина за оваа трагедија.

Можеби ќе ве интересира

ШК Алкалоид по третпат до европската вицешампионска титула!

ДЕСК

Алкалоид го задржа ростерот на играчи, а со тоа и високите амбиции за Европскиот клупски куп во шах!

ДЕСК

„Шумахер неодамна потпиша кацига, тоа е позитивно, речиси знак на живот“

C +