10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МОЗАИК

Сакате сериозна врска? Избегнувајте ги овие хороскопски знаци

Врските не траат засекогаш, а некои уште од почетокот се осудени на пропаст. Се трудите, но кога покрај вас ќе се појави некој кој веќе има вградено некој „модел на однесување“, влегувате во минско поле со потенцијални разочарувања. Доколку вашиот партнер бара да се смените поради него, тогаш почнуваат проблемите, пишува Your Tango.

Кои хороскопски знаци не можат да издржат да бидат долго време во врска?

Бик

Главното мото на Бикот е „искористи и остави“. Овој знак понекогаш размислува за сериозна врска, но и тоа му здосадува со текот на времето. За Биковите е невозможно да бидат само со еден партнер. Тие се харизматични и имаат добар смисол за хумор, а поради ова луѓето мислат дека се подготвени за сериозна врска, но вистината е поинаква.

Стрелец

Доколку сте Стрелец во хороскоп, тогаш сте го искусиле чувството кога очајнички сакате да бидете во врска за да на крајот ја гледата истата како се претвора во пекол.

Многу е тешко да се биде во врска со Стрелец бидејќи тие се самостојни и независни. Го сакаат своето друштво, но сакаат и да бидат сами.

Вага

Вагите не остануваат долго во врска бидејќи не сакаат обврски. Кај нив сè се сведува на секс и забава за една ноќ. Вагите се полигамни играчи.

Шкорпија

Шкорпијата нема намера да биде во каква било врска освен ако не ја најде сродната душа. Сите знаеме колку е тешко да се најде совршен партнер.

Тие се посветуваат на партнерот, но доколку не ги исполните нивните очекувања не очекувајте дека врската ќе ви потрае. Скорпиите сакаат внимание, но исто така имаат и големи очекувања и се опседнати со контролирање на сите работи.

Близнаци

Со Близнаците е скоро па невозможно да останете во врска. Доколку сте во врска со Близнак, веројатно имате недостаток на самодоверба.

Близнаците сакаат секогаш да се во право. Тие сакаат ранливи луѓе со кои можат да манипулираат. Им треба некој кој ќе ги слуша без приговор за сè што ќе кажат, а не некој со кого ќе го делат животот.

Овен

Овните намерно го иницираат крајот. Вршат притисок на своите партнери бидејќи сакаат сè да биде совршено. На крајот од врската, Овенот го обвинува партнерот дека тој е виновен за сите проблеми од врската. Едноставно – имаат преголеми очекувања од другите луѓе.

Спонзорирано: