Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Битиќи:  Се уште се анализира предлогот за намалување на платите во администрацијата  

Предлогот за намалување на платите во администрацијата беше како дел од потребата во овие тешки времиња сите заедно да покажеме солидарност. Но, по реакциите во јавноста сега се прават дополнителни анализи, изјави Фатмир Битиќи, претседател на Комисијата за финансии на СДСМ, за емисијата „Детектор“, на телевизијата Сител.

„Бидејќи имаше реакција, се прават анализи, но таа мерка не е ад-акта ставена на страна. Ако расходната страна може да ја намалиме во таа мерка, колку што е потребно  за да одговориме за потребите на приходната страна,  може и ќе остане вака без намалување на платите.  Или  пак, во наредниот период ќе одиме со таа мерка што беше предложена, но не можам да тврдам дали ќе биде во ист облик“, додаде Битиќи.

Можеби ќе ве интересира

ПОСЛЕДНАТА ПРОДАВНИЦА ВО СЕЛОТО СЕ ЗАТВОРА – Што значи кога едно место полека престанува да живее?

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА – Активисти влегоа на градилиште на „Мајкрософт“ во Амстердам

ДЕСК

СРБИЈА ОБЈАВИ НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИНДУСТРИСКИТЕ ЦЕНИ – Октомвриските резултати се важни за извозниците

ДЕСК