Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Познат идентитетот на скопјанецот кој синоќа на само еден час пред полицискиот час загина во тешка несреќа

Вчера околу 19.40 часот во МВР било пријавено дека на локалниот пат во скопското село Глуво, 43-годишниот Г.Ј. од Скопје изгубил контрола над четирициклот и паднал во Бањанската река.

Како што е наведено во полицискиот билтен, тој бил изваден од реката од случаен минувач, а лекарите од Итната медицинска помош констатирале смрт.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје, а по наредба на Јавното обвинителство телото на починатиот е предадено на обдукција.

Можеби ќе ве интересира

ДВЕ ИЛЈАДИ АМАНДМАНИ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ – СДСМ најавува блокада на спорното решение

ДЕСК

СДСМ: Новата власт во Србија бара истрага за Вучиќ, паѓа „Оскар“ – паѓа и Мицкоски

ДЕСК

СДСМ: Ширење паника или паника кај Мицкоски

ДЕСК