Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Укинати забраните за камиони на Плетвар, Стража, Маврово – Дебар

Од 08:10 часот укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар. Од раните утрински часови укинати се и забраните за сообраќај на премините Плетвар, Стража, Пресека, Буково и Ѓавато.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. На повисоките места и низ клисурите има остатоци од кашест снег на коловозите.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +