Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Лицата кои малтретираа девојка се уапсени, откако ги идентификуваше БЈБ

Почитувани, на социјалните мрежи се споделува видео со навистина вознемирувачка содржина, кое содржи очигледни елементи на насилство. Ве известувам дека лицата се идентификувани, Бирото за јавна безбедност постапува. Постапува и Центарот за социјални работи. Најстроги санкции за ваквото нечовечко однесување, информираше Славјанка Петровска, дополнителен министер за внатрешни.

Петровска околу 12 часот и 20 минути денеска соопшти дека лицата се приведени.

Инаку утрово на интернет се појави видео каде момчиња вербално и физички брутално напаѓаат девојка со клоци и тупаници и ја ставаат во ќош, додека таа моли да биде пуштена. Видеото наиде на силни критики и осуда во јавноста, а прилично брзо реагираа и институциите.

Морбидното видео може да го погледнете тука.  Би сакале да ве предупредиме дека соддржината е прилично вознемирувачка.

Неофицијално дознаваме дека насилниците се од Штип, се очекува детална потврда од МВР.

 

ажурирано во 12:20 – 02.04.20

https://center.mk/blog/2020/04/02/poznat-identitetot-na-nasilnitsite-koi-maltretiraa-devojka-politsijata-gi-uapsi
.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Дефокусот служи за прикривање на кражбата, кучињата лаат- караванот врви

ДЕСК

Филипче: Нападите врз мене и СДСМ се зголемија по договорот „мигранти за пари“

ДЕСК

Променливо oблачно време до сабота, а потоа врнежи од дожд и снег

ДЕСК