25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Стефан Васев од СДСМ: Додека сите се борат против коронавирусот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од парите што ги добиваат од Буџетот

Целата држава, сите институции, целата нација со сите сили се борат против заканата од коронавирусот. Во исто време , Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се посветени само на политичко профитирање во време на здравствена криза. Тоа е срамно и неодговорно, изјави на денешната прес-конференција, Стефан Васев од СДСМ.

Додека сите ресурси се впрегнати во заштита на здравјето на граѓаните и спречување на негативните последици по економијата, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги интересира само личниот и партиски профит. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се уште не се откажуваат од парите коишто ВМРО-ДПМНЕ ги добива од Буџетот. Нема поголемо лицемерие од тоа ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да зборуваат за мерки за штедење, а при тоа не сакаат да се откажат од народните пари, рече Васев.

„Тоа е така затоа што Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се научени само да земаат од државата, а парите да завршуваат во белиот дворец, па дури и денес, во време кога секој денар е важен за справување со економската криза.

Без разлика на ваквото однесување на Мицкоски, СДСМ ќе продолжи одговорно да се однесува, во интерес на граѓаните, на нивна заштита и справување со економските последици.

СДСМ е на страната на граѓаните и државата. Во овие тешки времиња, потребна е солидарност и меѓусебно помагање, заедништво и одлучна акција против коронавирусот.

Покажавме дека можеме да се справуваме со предизвиците, ќе покажеме дека можеме да се справиме и со овој предизвик кој е и здравствен и економски.“ – изјави Васев.