Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Авионите на „Визер“ нема да летаат од и до Скопје до 16 април

Авиокомпанијата „Визер“ најави дека како резултат на пролонгираните забрани за летање од и до земјава, ќе ја продолжи суспензијата на сите скопски летови до 16 април.

„Патниците со резервирани билети погодени од овие суспендирани летови, кои ги направиле резервациите директно на wizzair.com или на мобилната апликација на авиокоманијата, ќе бидат автоматски известени преку електронска порака. 120% од целата сума ќе бидe автоматски префрлена на Wizz сметката на корисникот, и истите ќе можат да ги искористат во текот на наредните 24 месеци за купување на сите производи и услуги на ‘Визер’“, се наведува во соопштението на компанијата.

Патниците исто така можат да одберат опција за враќање на парите односно целиот платен износ, за што ќе треба подолго време да се реализира, и во посебна електронска порака ќе бидат информирани за сите потребни чекори за трансфер на парите преку банка или преку картичка.

Патниците кои направиле резервација преку туристички агенции, треба да ја контактираат компанијата преку која ги купиле своите билети.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК

НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Врнежите ќе се засилуваат во текот на ноќта и утре

ДЕСК