9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Платите на административците остануваат високи – ќе се крати само кај функционерите

Техничкиот премиер Оливер Спасовски на денешната прес-конференција истакна дека како никогаш досега светот ја доживеа најголемата закана после втората светска војна и сите се соочени со фатални последици по нивното здравје.

„Презедовме многу сериозни и драстични мерки. Некои како вонредната состојба беа тешки, но неминовни. И дадоа резултати. Сега е важно максимално да се намали ширењето на вирусот. Да им да дадеме можност на сите да бидат згрижени. Ова е нашиот паралелен фронт, на кој ќе се спротиставиме на корона вирусот. Да обезбедиме ликвидност и финансиска инекција за да се соочуваат повеќе работни места – истакна Спасовски.

Се предвидува финансиска поддршка за приватниот сектор. Предмет на оваа финансиска поддршка за април и мај, во износ од 14.500 денари месечно по работник. Финансиската поддршка не се однесува на оние кои примиле нето плата повисока од 39.000 денари. Истиот број на вработени да се задржат заклучно со септември 2020 година. Оваа мерка ги опфаќа и медиумските куќи.

Сите избрани и именувани функционери ќе имаат минимална плата од 14.500 на државно и локално ниво.

По 7.000 денари за семејствата каде има лица кои учествувале во неформална трговија.

50 посто од платата која ја добивале во претходните шест месеци ќе добијат отпуштените работници поради кризата.

Административците ќе бидат недопрени, нивните плати остануваат исти.