Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Листа по градови: Драстичен раст на заразени од коронавирус во Македонија – Откриени нови 44 случаи

Во изминатите 24 часа направени се 392 тестирања, а потврдени 44 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Куманово- 23, Скопје – 12, Тетово – 2, Битола- 3, Струга – 2, Штип-1, Прилеп – 1

 

 

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 329 лице. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:
• Скопје- 176
• Дебар – 47
• Куманово – 47
• Штип- 15
• Тетово – 8
• Прилеп – 10
• Струга – 7
• Велес – 6
• Битола – 4
• Охрид – 3
• Кавадарци – 2
• Гостивар – 1
• Крива Паланка – 1
• Струмица – 1
• Гевгелија – 1


Од 392 направени тестови во изминатото дено-ноќие: 262 се направени преку ИЈЗ, 26 преку Ветеринарен факултет, 24 преку лабораторијата Биотек и 80 преку Болницата „Филип Втори“ (Жан Митрев). До сега се направени вкупно 3.518 тестови на КОВИД-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби од Ковид-19 починаа двајца мажи, едниот на возраст од 45 години од Куманово, другиот на возраст од 78 години од Дебар. Починатиот од Куманово имал дијабет, атријална фибрилација, хипертензија и обезност, додека починатиот од Дебар имал ХОБ (Хронично обструктивен бронхит) и хипертензија и примал терапија за двете хронични заболувања.

Можеби ќе ве интересира

Трагичен крај на потрагата: Пронајдено било телото на 16 годишното девојче кое исчезна во Вардар

ДЕСК

Каква е состојбата на патиштата вечерва?

ДЕСК

МВР демантира написи поврзани со измените на Законот на полиција во кои се тврди дека полицаец осуден за кривични дела нема да се отстрани од работа

ДЕСК