26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Локвенец: Мицкоски не е подготвен да се откаже од ништо, дури ни за сметка на здравјето на граѓаните

Одговор на новинарско прашање од денешната прес-конференција на Хари Локвенец, пратеник од СДСМ – интегрален текст

Прашање: Зошто повторно барате само од ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од годишното финансирање кога и ДУИ се против, побаравте ли и од нив?

За СДСМ граѓаните се секогаш на прво место. Во ова кризно време при основната причина што во првиот момент во лет го прифативме предлогот на министерката Десковска е всушност интересот на граѓаните. Огромни се сумите на пари кои на годишно ниво ги добиваат македонските политички партии, баш заради тоа парите од граѓаните да не одат кај партиите кои во овој момент и немаат активности поврзани со нивното дејствување, туку истите тие средства се потребни по однос на солидарност за нашите граѓани. Тоа е причината зошто го прифативме во старт овој предлог на министерката Десковска. Суштината во овој момент не е предлогот, не е понудата, не е повикот кој го има дадено СДСМ, суштината во ова прашање е всушност неможноста и немањето желба на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и на нивниот претседател Христијан Мицковски буквално да не се откажат од ништо кое би било во интерес на граѓаните на нашата држава.

.