Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Демант на Националниот демократски институт

Националниот демократски институт дознава дека ограничени информации од нашето неодамнешно истражување на јавното мислење се појавија на одредени онлајн портали со логото на НДИ.

Би сакале да истакнеме дека овие информации не се објавени од НДИ, дека се извадени од контекст и не се дел од официјалната верзија која е споделена со политичките партии. Наскоро, НДИ ќе ги објави информациите од своето истражување и ќе бидат достапни за јавноста.

Во меѓувреме, би сакале да апелираме до сите политички партии и медиумите да се воздржат од објавување неофицијални податоци кои немаат извор, особено за рејтинзи на политичките партии и лидери за време на овие тешки времиња и вонредната ситуација во државата.

Можеби ќе ве интересира

25-годишна жена од Мала Речица пријавила напад во својот двор

ДЕСК

Возел без важечка дозвола и со истечена регистрација – приведен 22-годишник во Гостивар

ДЕСК

ВНИМАВАЈТЕ, ваква измама се случи во Македонија: Проверил мобилно банкарство и открил дека му недостигаат 139.474 денари

ДЕСК