Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Анкета на НДИ: Заев со најголема поддршка кај македонските граѓани

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев има најголема поддршка кај македонските граѓани, покажува анкетата на Националниот демократски институт (НДИ), пишува Локално.

Анкетата на НДИ била спроведена во периодот од 26 февруари до 5 март на 1.200 испитаници, пред започнување на кризата со коронавирусот.

Според информациите, Зоран Заев е омилен политички лидер за 44 проценти од испитаниците (19 % одговориле дека е многу омилен, а 25 % дека е делумно омилен), покажува истражувањето.

Значително помалку граѓани, само 25 проценти се изјасниле за Христијан Мицкоски (10% одговориле дека им е многу омилен а 15% делумно омилен).

Во албанскиот блок интересно е тоа што Али Ахмети не е веќе на тронот на најпопуларни политички лидери.

Лидерот на ДУИ е омилен кај 16 проценти од испитаниците, а неговиот политички ривал, Зијадин Села е омилен кај 17 проценти од испитаниците.

Предвремените избори кои беа закажани за 12 април се одложија поради кризата со коронавирусот а партиите ги откажаа активностите за кампањата.

Можеби ќе ве интересира

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата

ДЕСК

ДОЖД, МАГЛА И СИЛЕН ВЕТЕР ВО МАКЕДОНИЈА – Повардарието под налети над 50 км/ч, еве каде ќе врне

ДЕСК

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК