16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СОНК не се согласува со предлогот за намалување на платите во администрацијата

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) не се согласува со предлогот на СДСМ за намалување на платите во администрацијата, како мерка за справување со коронавирусот.

„Предлогот на лидерот на СДСМ, господинот Зоран Заев, со изнесување предлог-мерки за намалување на економската криза и помагање на стопанството, конкретно, за намалување на платите во јавниот сектор за повеќе од 50%, во нашето членство предизвика големо незадоволство, загриженост, несогласување, немир, страв за сопствената егзистенција, егзистенцијата на сопственото семејство. СОНК смета дека оваа мерка е премногу радикална и дека голем дел од вработените ќе ги доведе до работ на егзистенцијата. Не сакаме ова да звучи егоистички, меѓутоа сметаме дека предложените мерки директно ќе удрат врз работниците, што реално се и најмалку платени во државата“, велат од СОНК.

Од таму додаваат дека особено реакциите се жестоки од страна на просветните работници, кои, како што се наведува во соопштението, во интерес на учениците, индиректно и на државата, вложуваат натчовечки напори преку алтернативни форми и методи, во домашни услови, да ја реализираат планираната програма.

„СОНК е убеден дека постојат и други решенија за надминување на економската криза, решенија кои директно и радикално нема да се манифестираат врз работниците во јавниот сектор. За таа цел, бараме, предлогот упатен до Владата за намалување на платите до висината на минималната плата, односно до 14.500 денари, да се повлече“, велат од Синдикатот.

СОНК предлага итно да се воспостави социјален дијалог со синдикатите, да се слушнат и нивните размислувања и предлози.

Спонзорирано: