Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Објавена листа на бесплатни дигитални платформи за едукација на децата од градинка

Министерството за труд и социјална политика објави листа на бесплатни и слободни за користење дигитални платформи, апликации и содржини што може да бидат корисни за едукација на децата од предучилишна возраст, во овој период додека градинките се затворени поради коронавирус.

Листа е објавена на следниот линк: https://uni.cf/2xsDMB3

„Воспитанието и образованието е процес, а не чин. Да им помогнеме на децата да продолжат со учење дома во периодот додека градинките се привремено затворени“, велат од МТСП.

Од денес на МРТВ започнува емитувањето на едукативна програма наречена „ТВ училница“. Трите канали на националниот телевизиски сервис МРТВ ќе емитуваат едукативни содржини по предметите кои децата ги изучуваат на училиште. За децата од претшколска возраст ќе се емитуваат едукативни емисии и приказни согласно нивната возраст.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Инфлацијата се спушти под 3%, треба да сториме сѐ што е во наша моќ да ја одржиме ценовната стабилност

ДЕСК

Мицкоски: Забрзано се одвива изградбата на капиталните инвестиции, до сега се реализирани околу 25 проценти од предвидените за 2026 година

C +

Муцунски: Нашата задача е да бидеме предвидлив партнер на Европската Унија, но таква предвидливост очекуваме и од земјите членки

C +