Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Рекордно намалување – горивата ќе поевтинат за 6 и 7,5 денари

Бензините и горивата од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за 6 односно 7,5 денари, соопшти Регулторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на бензините се намалуваат за 7,5 денари и ќе изнесуваат 54,5 денари за ЕУРОСУПЕР БС-95, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 56,5 денари.

Дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалуваат за 6 денари на 48,5 денари за литар и 37,5 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 6,961 денари и ќе изнесува 21,934 денари за килограм.

„Во овие шеснаесет години откога Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги утврдува највисоки малопродажни цени на одделни нафтени деривати, денешната одлука носи рекорден пад на цените на нафтените деривати. Коронавирусот ги урна берзите и се одрази со силен ефект, кој е поголем дури и од оној во есента 2008 година кога имаше нафтена криза. Сакам да потенцирам дека малопродажните цени на горивата се на најниско ниво во нашата држава во споредба со сите останати земји во регионот. Ова е уште една потврда дека РКЕ има Методологија која е ориентирана кон интересот на крајните потрошувачи, водејќи сметка и за елементите кои влегуваат во структурата на малопродажната цена на нафтените деривати“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика и водни услуги.

Тој кажа дека нарушениот баланс на понудата и побарувачката со нафта и нафтени производи во светот поради коронавирусот предизвика тренд на намалување на берзанските цени на суровата нафта и на готовите нафтени производи што се одразува врз формирањето на цените и кај нас.

Можеби ќе ве интересира

ИСТОРИСКО ИЗЛЕГУВАЊЕ НА БЕРЗАТА – Anthropic достигна вредност од околу 1.770 милијарди долари

ДЕСК

ГРЦИЈА ВОВЕДУВА ПОДЕТАЛНА КОНТРОЛА НА КРЕДИТИТЕ – Централната банка ќе ги објавува реалните трошоци

ДЕСК

КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ВЛЕГУВА ВО ТРКАТА ЗА АЛТА БАНКА – Донесена официјална одлука за учество на берзанската аукција

ДЕСК