Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Анкета на ИРИ: СДСМ и БЕСА во драматична предност од 5 проценти пред ВМРО ДПМНЕ

Коалициските партнери СДСМ и Беса имаат предност од пет отсто во однос на ВМРО-ДПМНЕ, покажува анкетата на Меѓународниот Републиканска Институт (ИРИ) објавена денеска, јавуваат одредени медиуми кои ги добиле податоците од анкетата.

Направена е теренски, опфаќа 1.222 испитаника и реализирана е во февруари, пред да биде официјализиран предизборниот „брак“ меѓу партиите на Зоран Заев и Билал Касами.

На прашањето „За кого би гласале доколку изборите се одржат сега во недела?“, 17 отсто од анкетираните одговориле со СДСМ, додека ВМРО-ДПМНЕ бил избор на 16 отсто од нив. За ДУИ се определиле седум отсто, за Алијансата на Албанците пет отсто, за „Беса“ четири отсто и за ДПА и за „Левица“ по еден отсто.

Можеби ќе ве интересира

Студени утра, но топли денови: Температурите од – 3 до 20 степени, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Филипче со конкретни мерки: Намалување на ДДВ за горивата од 18% на 5%, на акцизата за 4 денари и 0% ДДВ за храната

ДЕСК

Муцунски: Безбедноста на македонските граѓани е наш апсолутен приоритет – евакуацијата од Блискиот Исток се реализира успешно

ДЕСК