Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Нови шест заразени од коронавирус, нови 51 лице во изолација

Една пациенка која синоќа касно стигнала на скопскиот аеродром од Барселона поради покачена температура била тестирана од коронавирус, при што се испоставило дека е заразена.

Таа била свесна особа која што носела маска во авионот, бидејќи знаела дека нешто не е во ред со неа, сепак сите 51 патник во авионот на вчерашниот лет од Барселона кон Скопје се ставени во 14 дневна изолација.

Заразени се уште пет лица, кои се од Дебар и ќе се лекуваат во тамошната болница. Сите овие се со сосем лесна клиничка слика, односно имале симптоми на настинка.

Со ова бројката на регистрирани, а заразени од коронавирус е 18 лица.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК