Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Здравствената состојба на заболените од коронавирус е стабилна, препораки за нови мерки за превенција

Здравствената состојба на сите 7 пациенти кои се позитивни на коронавирусот и се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна.

Министерството за здравство информира дека претпладнево министерот за здравство, Венко Филипче, ќе одржи состанок со Комисијата за заразни болести и комисијата за следење и информирање за состојбите со коронавирусот. Состанокот ќе се одржи во проширен состав, а на него ќе присуствуваат и искусни експерти од различни области.

Меѓу другото, на средбата ќе се дискутираат и евентуални нови засилени мерки за заштита на населениото и превенција од понатамошно ширење на вирусот кои Комисијата ќе ги достави како предлог до Владата.

Препораките ќе бидат на дневен ред на денешната седница на Владата, а одлуката на Владата ќе биде соопштена на прес-конференција веднаш по завршувањето на седницата.

Можеби ќе ве интересира

Зимата се враќа, снег ќе трупа во делови од Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Вработен во РЕК Осломеј пријавил дека има бомба во кругот на комбинатот и си заминал од работа

ДЕСК

Тешко повреден 33 годишен скопјанец на работно место во фабрика

ДЕСК