Centar.mk
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Цените на нафтата на меѓународните пазари паднаа под 37 долари

Цените на нафтата паднаа под 37 долари на меѓународните пазари, по пропаѓањето на договорите меѓу водечките производители за ограничување на снабдувањето и најавите од Саудиска Арабија и Русија дека ќе го засилат производството и покрај застојот во економијата поради епидемијата на коронавирус.

На лондонскиот пазар цените на барелот паднаа за 8,87 долари, на 36,4 американски долари.На американскиот пазар за барел се тргуваше за 7,82 американски долари пониска цена, за 33,46 долари.

Русија во петокот го отфрли предлогот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) за намалување на снабдувањето за дополнителни 1,5 милиони барели на ден, покрај веќе договорените 1,7 милиони барели на ден. Москва беше подготвена само да го продолжи сегашниот договор, кој истекува на крајот на месецот.

Русија најави зголемување на производството и додаде дека ниските цени на нафтата нема да бидат проблем во наредните шест до десет години. Саудиска Арабија одговори со намалувањето на официјалната цена на нафтата за шест до осум долари за барел.Тие, исто така, најавија зголемување на производството во април и покрај намалената побарувачка заради епидемијата на коронавирус.

Можеби ќе ве интересира

НАРОДНАТА БАНКА ЈА ОБЈАВИ КУРСНАТА ЛИСТА ЗА 17 НОЕМВРИ – Еве колку вредат еврото, доларот, фунтата и швајцарскиот франк

ДЕСК

СРБИЈА ГО РАСКИНА ДОГОВОРОТ СО ЗЕТОТ НА ТРАМП – Заврши проектот за луксузен комплекс на местото на Генералштабот во Белград

ДЕСК

ГОЛЕМА ТУЖБА ПО МАСОВНИОТ ПРЕКИН НА СТРУЈА ВО ШПАНИЈА – Repsol бара 120 милиони евра отштета

ДЕСК