10. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Цените на нафтата на меѓународните пазари паднаа под 37 долари

Цените на нафтата паднаа под 37 долари на меѓународните пазари, по пропаѓањето на договорите меѓу водечките производители за ограничување на снабдувањето и најавите од Саудиска Арабија и Русија дека ќе го засилат производството и покрај застојот во економијата поради епидемијата на коронавирус.

На лондонскиот пазар цените на барелот паднаа за 8,87 долари, на 36,4 американски долари.На американскиот пазар за барел се тргуваше за 7,82 американски долари пониска цена, за 33,46 долари.

Русија во петокот го отфрли предлогот на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) за намалување на снабдувањето за дополнителни 1,5 милиони барели на ден, покрај веќе договорените 1,7 милиони барели на ден. Москва беше подготвена само да го продолжи сегашниот договор, кој истекува на крајот на месецот.

Русија најави зголемување на производството и додаде дека ниските цени на нафтата нема да бидат проблем во наредните шест до десет години. Саудиска Арабија одговори со намалувањето на официјалната цена на нафтата за шест до осум долари за барел.Тие, исто така, најавија зголемување на производството во април и покрај намалената побарувачка заради епидемијата на коронавирус.

Можеби ќе ве интересира

На 8 септември, Маврово ќе биде повторно во знакот на Халк Вело Грин

C +

Курсна листа за 28.08.2025

ДЕСК

Септемвриското покачување на пензиите: 1.000 денари за сите – дали ќе значи подобар живот?

ДЕСК