Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Облачно со услови за дожд и температура до 12 степени

Во текот на ноќта преовладуваше облачно време и на истокот со врнежи од дожд на пониските места, а утринава од снег на планините и понекаде на повисоките места. Снег од рано наутро во 4 часот има во Берово и Ѓуриште, а во Крива Паланка врнежите се од дожд и од снег. Дува слаб до умерен ветер од северен правец кој на Ѓуриште засилуваше.

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Попладне врнежите ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој по должина на Повардарието ќе засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.

Во Скопје претежно облачно со слаб до умерен северен ветер. Претпладне ќе има услови за краткотраен дожд. Попладне облачноста ќе се намалува. Максималната температура ќе достигне до 9 степени.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +