Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: По автоматизам ќе се разрешуваат судии кои намерно застаруваат предмети

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција најави нови реформи во судството по формрирање на новата влада, а како една од мерките што ја претстави е дека судиите кои намерно ќе застарат предмети, по автоматизам ќе бидат разрешени.

Заев објасни дека предметите ќе се следат електронски, па ако се утврди дека некој во судството не постапувал, со цел да застари предметот, ќе се вклучи аларм и тој судија или обвинител ќе биде разрешен по автоматизам.

„Судскиот совет и Советот на јавни обвинители ќе имаат задача тоа само да го констатираат“, посочи партискиот лидер.

Тој најави и детална проверка на имотнатата состојба на судиите и јавните обвинители.

„Следува проверка на 5 отсто од сите судските пресуди во последните пет години, по случаен избор“, рече Заев и додаде дека како политичка партија и како политички концепт не отстапуваат милиметар од целта – правна држава.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК