Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Инкубацијата на пациентката заразена со корона е многу одамна помината и не претставувала опасност да ја пренсе болеста на луѓето со кои патувала

„Сакам да повторам тоа што го кажуваме во целиот период дека нема простор за паника, пациентката е сместена на инфективната клиника во Скопје, во одделот за изолација, се третира соодветно на нејзината состојба“, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче.

Епидемиолошките анализи, прашањата кои што и биле упатени укажале на тоа, според министерот, дека таа веќе еден месец била во Италија на прошетка и на посета кај свои роднини, веќе две недели е болна и иницијално се третирала во италијанска здравствена установа.

„Таму не е тестирана за вирусот Корона и практично непоредно после влегувањето во нашата земја директно се упатила на инфективната клиника во Скопје. Тоа ни дава за право да мислиме инкубацијата е многу одамна помината и таа во моментот на транспорт со луѓето со кои што се транспортирала не претставувала опасност да ја пренесе болеста“, посочува Филипче

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НЕВРЕМЕ СО СИЛЕН ВЕТЕР, ПОРОЕН ДОЖД И СНЕГ НА ПОВИСОКИТЕ МЕСТА: Синоптичарите излегоа со повеќедневна прогноза

ДЕСК

Лишени од слобода седум лица, сузбиена организирана криминална група инволвирана во недозволена трговија со дрога

ДЕСК

Синоптичарите излегоа со прогноза – Какво време да очекуваме денеска?

ДЕСК