Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Работниците од Кина што влегоа во државата немаат коронавирус, но ќе поминат 14 дена во карантин

Двете лица од Кина, кои се работно ангажирани од кинеската компанија „Синохидро“, а кои вчера пристигнаа во државата, немаат симптоми на коронавирус и се ставени под здравствен надзор, информира доктор Жарко Караџоски од Институтот за јавно здравје.

Тој рече дека лицата веќе биле во карантин 14 дена во Кина.

„Со полна заштитна опрема, заедно со двајца лаборанти од одделението за вирусологија, ги пречекавме двете лица на аеродромот, постапивме во согласност со сите критериуми за спроведување епидемиолошки надзор. Разговаравме за нивната здравствена состојба. За периодот од 14 дена додека биле во самоизолација, овие лица немале никакви знаци на клиничка симптоматологија“, истакна д-р Караџоски.

Во согласност со протоколите, двете лица се ставени под здравствен надзор од 14 дена во соба за изолација.

„Сите лица што ќе пристигнуваат од Кина, ќе бидат спроведени во соба за изолација и ќе им се земат соодветни материјали за микробиолошки анализи и брисови, врз основа на кои ќе се дијагностицира евентуално присуство на коронавирус, и ќе бидат поставени во 14-дневен надзор во согласност со законските регулативи и прописи“, додаде д-р Караџоски./Makfax

Можеби ќе ве интересира

До недела променливо облачно и посвежо време со повремени локални врнежи од дожд

C +

СДСМ: Мицкоски ја урна последната линија на одбрана на демократските избори

C +

СДСМ: ВМРО-ОКГ сега сама ќе внесе Бугари во Уставот – по целата кампања во која нè нарекуваше „предавници“!

C +