Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пендаровски на средба со европратениците Чолош и Кјучук

Претседателот Стево Пендаровски ги прими пратениците во Европскиот парламент, Дачијан Чолош, претседател на парламентарната група Renew Europe, и Илхан Кјучук, известител за Северна Македонија и член на парламентарната група Renew Europe.

На средбата беа разменети мислења за аспирациите на Република Северна Македонија за членство во Европската Унија. Претседателот Пендаровски ја истакна важноста на принципиелната поддршка од Европскиот парламент за процесот на проширување на Унијата со земјите од Западен Балкан и одржувањето на прашањето на агендата.

Пендаровски го реафирмира очекувањето на државата дека новата методологија за водење на пристапните преговори ќе биде усвоена во текот на март, со што би се отворила можноста за отворање на пристапните преговори за членство во текот на хрватското претседателство со Унијата. На средбата беа разменети мислења и за актуелните случувања во Република Северна Македонија во пресрет на предвремените парламентарни избори.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Славески брза со некаква продажба на Алта банка затоа што сака да забошоти

ДЕСК

Тошковски на промоцијата на Националната стратегија: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот, Македонија во конкуренција за светско признание за сообраќајна безбедност на светскиот полициски самит во Дубаи

ДЕСК

Филипче: Трајко Славески да си поднесе оставка, да не носи нови штетни одлуки

ДЕСК