Расте просечната плата во државата.
Статистика пресмета раст на платата од 1049 денари или 26.836 денари била просечната исплатена нето плата по вработен во месец декември.
Кои се најплатените професии кои носат најголема заработувачка во Македонија?
Секако, на врвот се програмерите. Тие може да се пофалат со највисока плата која во декември изнесувала 96.332 денари.
Втора најплатена дејност е восдухопловството каде контролорите на летање во последниот месец од 2019 година се офајдиле со плати над 70 илјади денари.
Малку пониски плат имаат вработени во секторите производство на основни фармацевстки производи чии плати според Државниот завод за статистика биле 69.911 денари.
Со повисоки плати може да се пофалат и оние кои работат во финансиски и услужни дејности но и вработени во телекомуникацисискиот бизнис. Во овие две дејности платите во декември биле 65.885 денари односно 62.066 денари.
Споредено со плата исплатена во февруари 2016-та година, таа до денес пораснала за 4.510 денари.