Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Зекири: Судството не е ефикасно во спроведување на законите, законот за ЈО беше донесен да не пропаднат предметите од СЈО

Не само ние. туку и граѓаните не се задоволни во однос на судството, но тоа не е наша вина. Апсолутно интегритетот на луѓето во судството е во прашање, затоа граѓаните и ние сме незадоволни. Не се ефикасни во спроведување на законите, изјави потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зекири.

-Првично и клучно зошто требаше да се донесе Законот за Јавно обвинителство беше да не пропаднат предметите од СЈО и да не згаснат истрагите кои беа отворени. Предметите се живи, истрагите се продолжуваат со новиот закон. Разговорите во новиот закон не се докази но се индиции, а веќе има обезбедено материјални докази во предметите, вели Зекири.