3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Извршителот Мицкоски падна на испитот, фатен како препишува од СДСМ

Извршителу Мицкоски, кога ќе те фатат како препишуваш, се паѓа на испитот, порача Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ попладнево на прес конференција.

– Мицкоски падна на испитот, може да се пријави за 4 години, ако се уште остане претседател на криминалната ВМРО-ДПМНЕ после поразот на 12 април.

Почитувани граѓани,

Денеска видовме како извршителот на Груевски, Христијан Мицкоски, ја препишува, ја копира програмата на СДСМ за инфраструктурата.

Нема идеја, нема програма, фокусиран на одбрана на криминалот на Груевски, извршителот Мицкоски копира од СДСМ.

Па згора на се на прес- конференција реди проекти кои веќе се во реализација, влезени во програмата на Јавното претпријате за патишта.

Ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата нереформирана, заробена партија од Никола Груевски.

Граѓаните знаат, за 11 години криминално владеење на ВМРО-ДПМНЕ се изградија вкупно 10 километри автопат!

Јавноста многу добро памети дека за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ парите од Буџетот се трошеа на барок, споменици и палми наместо на автопати, водоводи и канализации.

Секој проект беше криминалем, со коруптивни зделки и скандали, со проценти, како што чувме од разговорите на Јанакиески и Груевски во стилот „да не се претераме“.

На започнатиот дел од автопатот Миладиновци-Штип затекнавме бандери на сред пат, немаше предвидено клучки ниту приклучоци за делницата на автопатот до Охрид.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ во само 2.5 години мандат, изгради и рехабилитираше 750 километри патишта, го заврши автопатот Миладиновци-Штип и ги разреши сите недостатоци. Откочена е и изградбата на автопатот до Охрид, каде се поправија исто сите грешки и дупки во проектот.

Нема пат во земјава којшто не е обновен или веќе во фаза на обнова.

За само 2,5 години изградивме 400 километри канализации и водоводи.

Со еден збор, ВМРО-ДПМНЕ 11 години крадеше пари од граѓаните, СДСМ гради патишта, водоводи, канализации, се што е потребно за граѓаните.

Затоа следи одговорност за украдените пари и нов пораз од граѓаните на 12 април!

Режим никогаш повеќе, порача Костадин Костадинов од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T