18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Спасов од „Рејтинг“: Заев води пред Мицковски, правдата е приоритет за граѓаните

Зоран Заев води за пет проценти пред Христијан Мицковски во анкетата на „Рејтинг“ на прашањето кој би бил подобар премиер. Анкетата на рејтинг не е класична анкета за директно мерење на рејтинзите на политичките партии, туку е анкета со поголем број теми. Анкетата ја спроведе Никола Спасов кој вечерва гостуваше на ТВ 24 во емисијата „Анализа“.

„Анкетата е на поголем број теми и овие прашања се за испитување на пулсот на граѓаните. Поводот за анкетата беше завршување на мандатот на СДСМ и почетокот на техничката влада. Меревме сет прашања која влада подобро би се справила со прблемите, особено со корупцијата, криминалот, економијата… Воочливо е дека граѓаните не даваат целосна доверба никому во борбата против корупцијата и во создавањето независно судство“- изјави Спасов од „Рејтинг“.

Темата правда последните години се наметнува како една од главните теми во анкетите затоа што испитаниците во голем дел одговараат дека независно судство и неостварлива правда им се најголеми проблеми.

„Порано на прво место беше невработеноста како проблем, а потоа платите и стандардот. Сега откако имаме намалување на невработеноста, платите се приоритет број еден за граѓаните, а на второ место е испораката на правда“- коментираше Спасов.

Според бројките од анкетата 42 отсто од граѓаните не веруваат во ниту една влада деќа ќе им донесе правда, но 27 отсто веруваат дека СДСМ ќе го стори тоа, наспроти 23 отсто кои истото го сметаат за ВМРО ДПМНЕ.

Спонзорирано: